залиже
залижат; залижи, залижете; залижав, залижаа; залижал; залижан; залижев, залижеа; залижел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 43732
1.
Почне да лиже.
Примери:
Тој си ги залижа усните.
Кучето ја залижа коската.
Слично со:
лиже (несв.)
2.
За коса - исчешла да биде мазна.
Примери:
Тој ја залижал косата на патец.
Слично со:
измазни (св.)
3.
За пламен, чад - почне да допира, да зафаќа нешто.
Примери:
Пламените јазици го залижаа покривот на куќата.
4.
(се залиже) Почне да се лиже.
Примери:
Мачката се залижа по шепите.
5.
(се залиже) За коса - се исчешла мазно, се измазни.
Примери:
Тој се залижа во косата и излезе.
6.
(се залиже) Почне да се троши, да се аби.
Примери:
Чевлите ми се залижаа од долго пешачење.
Слично со:
аби (несв.)
Изведенки
1.
залижува несв.
(се) залижуваат
(се) залижуваат
2.
залижување ср.
глаг. им.
глаг. им.