а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заложи

заложат, заложам; заложил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13636
1. Даде, остави нешто во залог.
Англиски: pawn Албански: kapar
Примери:
Тој ја заложи куќата.
Таа го заложила златниот прстен.
2. Даде, направи жртва, жртвува нешто.
Англиски: sacrifice Албански: sakrifikoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој го заложи својот млад живот.
3. (се заложи) Се заземе, се застапи, се ангажира за нешто.
Англиски: exert Албански: bëj përpjekje
Примери:
Ние ќе се заложиме за економски промени.
Тие се заложиле за негово ослободување од затворот.