заложи
заложат, заложам; заложил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13636
1.
Даде, остави нешто во залог.
Примери:
Тој ја заложи куќата.
Таа го заложила златниот прстен.
2.
Даде, направи жртва, жртвува нешто.
Примери:
Тој го заложи својот млад живот.
3.
(се заложи) Се заземе, се застапи, се ангажира за нешто.
Англиски:
exert
Албански:
bëj përpjekje
Ние ќе се заложиме за економски промени.
Тие се заложиле за негово ослободување од затворот.
Слично со:
ангажира (св. и несв.)