замагли
замаглат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12687
1.
Покрие, прекрие со магла.
Примери:
Маглата што падна вчера го замагли градот.
2.
Покрие, прекрие со чад, прав и др.
Примери:
Правот што се крена од ветрот го замагли хоризонтот.
Чадот од цигарите ја замагли просторијата.
3.
За поглед, мисла и др. - направи да биде нејасен, неопределен.
Примери:
Влажните клепки му го замаглија видот.
4.
(се замагли) Се покрие, се прекрие со магла.
Примери:
Селото се замагли од густата магла.
5.
(се замагли) Се покрие, се прекрие со чад, прав.
Примери:
Стаклото на прозорецот се замагли од неговиот здив.
6.
(се замагли) За поглед, мисла - стане нејасен, неопределен.
Примери:
Свеста му се замагли.
Очите ѝ се замаглија од солзи.
Изведенки
1.
замаглува несв.
(се) замаглуваат
(се) замаглуваат
2.
замаглување ср.
глаг. им.
глаг. им.