а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замачка

замачкаат; замачкал; замачкан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13867
1. Прекрие, покрие со нешто што служи за мачкање.
Англиски: smear Албански: fsheh
Примери:
Дупката на ѕидот ја замачка со малтер.
2. Прикрие, забошоти нешто.
Англиски: conceal Албански: fsheh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се обиде да ја замачка работата, како ништо да не се случило.
3. (се замачка) Се прекрие, се покрие со нешто што служи за мачкање.
Англиски: smear Албански: mbuloj
Примери:
При варосувањето, тој се замачкал со боја по косата.
Изведенки
1. замачкува несв.
(се) замачкуваат
2. замачкување ср.
глаг. им.