а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замрзне

замрзнат; замрзна, замрзнете; замрзнав, замрзнаа; замрзнал; замрзнат; замрзнев, замрзнеа: замрзнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6044
1. За течности - мине во состојба на мраз, стане мраз.
Англиски: freeze Албански: ngrij
Примери:
Ноќеска замрзнала водата во цевките.
2. За поток, река, езеро - фати мраз, се покрие со мраз.
Англиски: freeze Албански: ngrij
Примери:
Јазот покрај нашата куќа замрзнал.
3. Измрзне, изѕемне, се вкочани од студ.
Англиски: freeze Албански: ngrij, mbërdhij
Примери:
Тој замрзна чекајќи го возот.
4. Умре, мине во состојба на смрт, на безживотност од голем студ.
Англиски: freeze Албански: ngrij, shtangoj
Примери:
Двајцата планинари замрзнале во планината.
На реката замрзнало јато диви гуски.
5. За предмет што содржи вода.
Англиски: freeze Албански: ngrij
Примери:
Јаболката во горната соба замрзнаа.
6. Доведе нешто во состојба на мраз заради чување.
Англиски: freeze Албански: ngrij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие ја замрзнаа целата зимница во сандак за длабоко замрзнување.
7. Остане неподвижен, вкочанет поради силна возбуда, страв и сл.
Англиски: petrify Албански: shtangoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Децата зинаа од чудо, им замрзнаа малите очи.
Hа лицето му замрзна студена насмевка.
8. Привремено прекине, запре некакво дејствување, процес, постапка итн.
Англиски: hibernate Албански: ngrij, ftohë
Примери:
По инцидентот ги замрзнаа односите.
9. (се замрзне) Се претвори во мраз.
Англиски: freeze Албански: akull
Примери:
Ноќеска водата се замрзнала.
10. (се замрзне) Умре од студ.
Англиски: freeze Албански: shtangoj
Примери:
Старецот се замрзнал в планина заедно со козите што ги пасел.
Изведенки
1. замрзнува несв.
(се) замрзнуваат
2. замрзнување ср.
глаг. им.