а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замрси

замрсат; замрсил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20571
1. За конец, јаже, коса - направи да биде во неред.
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Примери:
Таа го замрси конецот со кој везеше.
Ветрот ѝ ја замрси косата.
2. Направи нешто да биде нејасно, неразбирливо.
Англиски: confuse Албански: paqartë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги замрси сите работи.
3. (се замрси) Се заплетка, се исплетка.
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Примери:
При плетењето ѝ се замрси конецот.
Од ветрот му се замрси косата.
4. (се замрси) Стане нејасно, неразбирливо.
Англиски: complicate Албански: paqartë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Наместо да се разјасни, случајот уште повеќе се замрси.
5. Почне да мрси, да јаде мрсна храна.
Албански: ha ushqim me yndyrë
Употреба: Црковен термин
Примери:
Одвај дочека да заврши постот и да замрси.
Изведенки
1. замрсува несв.
(се) замрсуваат
2. замрсување ср.
глаг. им.