заниша
Види и:
ниша (несв.)
занишаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2977
1.
Почне да ниша.
Англиски:
rock
Албански:
lëkundem, tundem
Таа го заниша детето в раце.
Девојчето ја заниша лулката во која лежеше бебето.
Тој одречно заниша со главата.
Слично со:
залула (св.)
2.
Придвижи во место, малку залула, затресе.
Англиски:
shake
Албански:
lëkundem, tundem
Ветрот ги заниша гранките на крушата.
Силен тресок ја заниша вратата.
3.
(се заниша) Почне да се ниша.
Примери:
Жиците се занишаа кога на нив слета јато ластовици.
Тој се фати за една гранка од дрвото и се заниша.
4.
(се заниша) Се придвижи в место, малку се затресе.
Примери:
Јаболкницата се заниша и од неа падна последниот пожолтен лист.
Слично со:
затресе (св.)
Изведенки
1.
занишува несв.
(се) занишуваат
(се) занишуваат
2.
занишување ср.
глаг. им.
глаг. им.