а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запише

запишат; запиши, запишете; запишав, запишаа; запишал; запишан; запишев, запишеа; запишел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1458
1. Писмено забележи нешто.
Англиски: write Албански: shënoj
Примери:
Таа запиша нешто во својот бележник.
Јас запишав неколку нови рецепти.
Тој запишал стотина народни песни и приказни.
2. Внесе во список, во регистар и сл.
Англиски: enrol Албански: regjistroj
Примери:
Тој го запишал својот син на Воената академија.
Таа ги запиша ќерките во Балетското училиште.
3. Даде, се обврзе на прилог во пари, писмено се пријави за некаква порачка.
Англиски: subscribe Албански: regjistroj
Примери:
Сите вработени во фирмата запишаа заем за патишта.
Тој запиша две вреќи брашно преку Синдикатот.
4. (се запише) Се вклучи во некаков список, во некоја група и сл.
Англиски: enrol Албански: regjistroj
Примери:
Tој се запиша на факултет.
Тие се запишаа во спомен-книгата на музејот.
5. (се запише) Се занесе во пишување.
Англиски: write Албански: shënoj, fus
Примери:
Тој честопати знаел да се затвори во својата соба и да се запише.
Изрази
Запишан е во црниот тефтер (во црната книга) - е обележан, е етикетиран според нешто, обично лошо.
Изведенки
запишува несв.
(се) запишуваат