заповед
мн. заповеди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2698
1.
Тоа што писмено или усно се наредува да биде задолжително исполнето.
Примери:
Ја исполни мојата заповед.
даде заповед, се чека заповед
царска заповед
Излезе заповед за декларирање на стоката.
Слично со:
наредба (ж.)
2.
Религиозна обврска.
Примери:
божја заповед
Изрази
Десет божји заповеди - десетте заповеди што Бог му ги дал на Мојсеј на планината Синај кои ги претставуваат основните морални норми на христијанството.