запознае
запознаат; запозна, запознам, запознаам, запознај, запознајте; запознав, запознаа; запознал; запознат; запознаев, запознаеја; запознаел; запознаен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1020
1.
Оствари, воспостави односи на познанство меѓу други лица; претстави некого некому.
Англиски:
introduce
Албански:
njoh, njoftoj
Вчера го запознав новиот директор на училиштето.
Тој ме запозна со својата братучетка.
Слично со:
претстави (св.)
2.
Добие сознание, стекне извесно знаење за некого или за нешто.
Примери:
За кратко време ги запознав луѓето од градот и нивните обичаи.
Слично со:
сознае (св.)
3.
Даде податоци некому за некого или за нешто.
Англиски:
introduce
Албански:
njoh, njoftoj
Тој ги запозна гостите со најновите технички постигања.
Слично со:
информира (св. и несв.)
4.
(се запознае) Воспоставува познанство со некого.
Примери:
Во возот се запознав со една девојка.
Ние се запознавме пред неколку дена.
5.
(се запознае) Се здобие со извесно знаење за некого или за нешто.
Англиски:
learn
Албански:
njoftoj, mësoj
Тој се запозна со стопанските проблеми на градот.
Гостите се запознаа со работата на рудникот.
Изведенки
1.
запознава несв.
(се) запознаваат
(се) запознаваат
2.
запознавање ср.
глаг. им.
глаг. им.