а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запознае

запознаат; запозна, запознам, запознаам, запознај, запознајте; запознав, запознаа; запознал; запознат; запознаев, запознаеја; запознаел; запознаен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1020
1. Оствари, воспостави односи на познанство меѓу други лица; претстави некого некому.
Англиски: introduce Албански: njoh, njoftoj
Примери:
Вчера го запознав новиот директор на училиштето.
Тој ме запозна со својата братучетка.
2. Добие сознание, стекне извесно знаење за некого или за нешто.
Англиски: acquaint Албански: njoh
Примери:
За кратко време ги запознав луѓето од градот и нивните обичаи.
3. Даде податоци некому за некого или за нешто.
Англиски: introduce Албански: njoh, njoftoj
Примери:
Тој ги запозна гостите со најновите технички постигања.
4. (се запознае) Воспоставува познанство со некого.
Англиски: introduce Албански: njoftohem
Примери:
Во возот се запознав со една девојка.
Ние се запознавме пред неколку дена.
5. (се запознае) Се здобие со извесно знаење за некого или за нешто.
Англиски: learn Албански: njoftoj, mësoj
Примери:
Тој се запозна со стопанските проблеми на градот.
Гостите се запознаа со работата на рудникот.
Изведенки
1. запознава несв.
(се) запознаваат
2. запознавање ср.
глаг. им.