започне
започнат; започни, започнете; започнав, започна, започнаа; започнал; започнат; започнев, започнеа; започнел; започнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 500
1.
Почне да прави нешто.
Примери:
Таа започна да се смее.
Некои жени започнаа да плачат.
Тој започна да бега.
2.
Почне некакво дејство, некаква акција.
Примери:
Не знаеше како да го започне разговорот.
Попот ја започна венчавката.
Така започнало нивното пријателство.
Слично со:
стартува (св. и несв.)
3.
(само во 3. л.) Почне да се одвива некое дејство, чин, акција.
Примери:
Зимата штотуку започна.
Водата започна да врие.
На полјаната беше започнала голема веселба.
4.
Фати, почне да троши, да употребува нешто.
Примери:
Минатиот месец ја започнавме вреќата со компири и веќе ја потрошивме.