а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запусти

запустат; запустил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9185
1. Направи нешто да стане пусто.
Англиски: neglect Албански: shpërfill
Примери:
Тој го запусти имотот од татка си.
2. опустоши, уништи
Англиски: devastate Албански: shkretoj
Примери:
Арамии го запустиле селото.
Ти ми го запусти животот.
3. Запушти, занемари некого или нешто.
Англиски: neglect Албански: shpërfill
Примери:
Од пусто пиење си го запусти семејството.
Таа ја запусти работата.
4. (се запусти) Стане пуст, пропадне.
Англиски: devastate Албански: shkretoj
Примери:
На многумина куќите им се запустија.
Ќе ни се запусти сојот.
5. (се запусти) Се запушти, се занемари себеси.
Англиски: neglect Албански: shkretoj
Примери:
Откако остана сам, тој се запусти.
Изрази
Да се запусти! - клетва.
Изведенки
1. запустува несв.
запустуваат
2. запустување ср.
глаг. им.