а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затворен

затворени
Вид збор: Придавка
Ранг: 708
1. (глаг. прид.) затвори
Англиски: closed Албански: i mbzllur
2. Што е ограничен, ограден од сите страни.
Англиски: closed Албански: i mbyllur, i izoluar
Примери:
затворен простор
затворен автомобил
затворени вагони
3. Што е ставен во затвор.
Англиски: imprisoned Албански: i mbyllur, i burgosur
Примери:
Мајките им носеа храна на затворените синови.
4. За боја - што не е светла, што е темна.
Англиски: dark Албански: e mbyllur
Примери:
Секогаш носеше облека со затворени бои.
5. За човек - што е повлечен, неразговорлив.
Англиски: withdrawn Албански: i mbyllur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Затворен во себе.
затворен човек
Изрази
Зад затворена врата - скришум, тајно.
Затворен живот - живот без контакт со другите луѓе.
Затворена средина - средина во која тешко доаѓа до промени.
Изведенки
1. затворено прил.
темен
Пример: Затворено жолта боја.
2. затвореност ж.
Особина на тој што е затворен, молчалив.