а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затемни

затемнат; затемнил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9134
1. Направи да биде темно.
Англиски: darken Албански: errësoj
Примери:
Ја затемни собата со спуштањето на ролетните.
2. Почне да станува темно.
Англиски: darken Албански: errësoj
Примери:
Затемни небото и набрзо заврна пороен дожд.
Таа затемни во лицето, одеднаш остаре.
3. (се затемни) Стане темно.
Албански: errët
Примери:
Небото и земјата се споија, сѐ се затемни.
4. (се затемни) Се покаже со темна боја.
Албански: errësoj
Примери:
Се затемни човечка фигура на улицата.
5. (се затемни) Стане темно; се стемни.
Албански: errësirë
Употреба: Безлично
Примери:
Веќе се затемни, да се прибереме дома.
Изведенки
затемнува несв.
(се) затемнуваат