затрча
затрчаат; затрчал; затрчан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8115
1.
Почне да трча.
Англиски:
start running
Албански:
vrapon
Децата слегоа од автобусите и затрчаа по полјаните.
Постар човек затрча малку по автобусот, но се откажа.
2.
(се затрча) Се засили; почне силно да трча.
Примери:
Едно дете се затрча по удолницата, за малку не падна.
Кучето се затрча кон детето, но кога го стаса, се смири и престана да лае.
Слично со:
засили (св.)
3.
(се затрча) Избрза, се истрча, направи нешто без добро да размисли, да процени.
Примери:
Се затрча по пари, не размисли што може да се случи.
Се затрча и влезе во валкан бизнис.
Слично со:
избрза (св.)
Изведенки
1.
затрчува несв.
(се) затрчуваат
(се) затрчуваат
2.
затрчување ср.
глаг. им.
глаг. им.