зацврсти
зацврстат; зацврстил; зацврстен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7762
1.
Направи да биде цврсто, јако, тврдо.
Примери:
Селаните ја зацврстија браната на критичните места.
Фризурата ја зацврсти со лак за коса.
2.
Осигури некого или нешто.
Примери:
Тој ја зацврсти својата позиција.
Со годините тие го зацврстија пријателството.
3.
(се зацврсти) Стане сигурен.
Примери:
Водечкиот тенисер се зацврсти на врвот на АТП листата.
Изведенки
1.
зацврстува несв.
зацврстуваат
зацврстуваат
2.
зацврстување ср.
глаг. им.
глаг. им.