а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зацврсти

зацврстат; зацврстил; зацврстен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7762
1. Направи да биде цврсто, јако, тврдо.
Англиски: fortify Албански: përforcoj
Примери:
Селаните ја зацврстија браната на критичните места.
Фризурата ја зацврсти со лак за коса.
2. Осигури некого или нешто.
Англиски: solidify Албански: siguroj
Примери:
Тој ја зацврсти својата позиција.
Со годините тие го зацврстија пријателството.
3. (се зацврсти) Стане сигурен.
Англиски: reassure Албански: siguroj
Примери:
Водечкиот тенисер се зацврсти на врвот на АТП листата.
Изведенки
1. зацврстува несв.
зацврстуваат
2. зацврстување ср.
глаг. им.