а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зачепка

зачепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да чепка.
Англиски: poke Албански: prek
Примери:
Зачепка нешто од вратата.
2. Почне да допира.
Англиски: touch Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Внучето го зачепка дедото по мустаќите.
3. Почне да задева.
Англиски: anger Албански: inatos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Палавото момче зачепка едно девојченце и го расплака.
4. Почне нешто да работи по малку.
Англиски: poke Албански: punon
Примери:
Тој зачепка нов бизнис.
5. (се зачепка) Почне да се гребе.
Англиски: scratch Албански: gërvisht
Примери:
Се зачепка по штотуку зараснатата гребаница.
6. (се зачепка) Почне да се задева со некого.
Англиски: scuffle Албански: kacafytje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мачињата се зачепкаа по муцињата.
Се зачепкаа децата нешто од инает и ја дотуркаа до тепачка.
Изведенки
зачепкува несв.
(се) зачепкуваат