зачешла
Види и:
чешла (несв.)
зачешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 28406
1.
Почне да чешла.
Примери:
Таа ја зачешла долгата бујна коса со бавни и хармонични движења на рацете.
2.
Исчешла малку, набрзина.
Примери:
Мајката не успеа ни да го измие детето, само го зачешла набрзина.
3.
Со чешлање среди коса.
Примери:
Тој ја зачешла косата на патец.
Девојчето ја зачешла косата зад уши.
4.
(се зачешла) Почне да се чешла.
Примери:
Се зачешла гледајќи се во огледалото и се замисли.
5.
(се зачешла) Се исчешла малку, набрзина.
Примери:
Набрзина стана, се изми, се зачешла и истрча надвор.
Се зачешла во лифтот.
6.
(се зачешла) Со чешлање си ја среди косата.
Примери:
Тој се зачешла нагоре.
Изведенки
1.
зачешлува несв.
(се) зачешлуваат
(се) зачешлуваат
2.
зачешлување ср.
глаг. им.
глаг. им.