зачкрипи
Види и:
чкрипи (несв.)
зачкрипат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 33073
1.
За автомобил, за врата - почне да чкрипи.
Примери:
Одненадеж зачкрипеа сопирачки од автомобил.
Возот продорно зачкрипе.
Вратата зачкрипе и детето влезе внатре.
2.
За заби - зачкрта.
Примери:
Продавачот зачкрипе со забите и нешто промрмори.
3.
За работа што не оди како што треба.
Примери:
Продажбата на производот зачкрипе.
Во последната фаза работата зачкрипе.
Изведенки
1.
зачкрипува несв.
зачкрипуваат
зачкрипуваат
2.
зачкрипување ср.
глаг. им.
глаг. им.