заштипе
Види и:
штипе (несв.)
заштипат
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Почне да штипе - со прсти.
Примери:
Таткото галовно го заштипе по образот.
2.
Почне да откинува од нешто со штипење.
Примери:
Заштипеа децата од пресниот мирислив леб.
3.
За инсект - почне да боцка, да каса.
Примери:
Го заштипе нешто на ногата.
4.
За дожд, снег и сл.
Примери:
Силниот ветар со снег им ги заштипе лицата.
5.
(се заштипе) Се штипе заемно.
Примери:
Двете девојчиња се заштипеа и се закубаа за коси.
Изведенки
заштипува несв.
(се) заштипуваат
(се) заштипуваат