а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заѕвони

заѕвонат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3866
1. Ѕвони, доѕвони кратко.
Англиски: ring Албански: tingëllon
Примери:
Две деца заѕвонија на вратата.
2. (само во 3 л.) Се огласи со ѕвонење.
Англиски: ring Албански: tingëllon
Примери:
Школскиот ѕвонец заѕвони.
Чекаше да заѕвони телефонот.
Заѕвонија селските камбани.
3. заѕуни
Англиски: resound Албански: oshëtin
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во собата заѕвони неговиот глас.
Изведенки
заѕвонува несв.
заѕвонуваат