заѕида
Види и:
ѕида (несв.)
заѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12414
1.
Почне да ѕида, да гради.
Примери:
Утре ќе ја заѕидаме новата куќа.
2.
Затвори ѕиден отвор.
Примери:
Ја заѕидаа едната врата од салонот.
3.
Затвори некого или нешто со заѕидување во определен простор.
Примери:
Главата на јагнето ја заѕидаа во темелите на куќата.
Изведенки
1.
заѕидува несв.
заѕидуваат
заѕидуваат
2.
заѕидување ср.
глаг. им.
глаг. им.