збор
мн. зборови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 64
1.
Основна јазична единица којашто има определено значење; јазичен знак за определен поим.
Употреба:
Лингвистика
Примери:
застарен збор
полнозначен збор
менливи зборови
Зборовите се делат на слогови.
3.
Способност за зборување.
Примери:
Залегна човекот, па дури и зборот му се зеде.
Слично со:
говор (м.)
4.
Разговор, зборување, нешто што е кажано.
Примери:
Hа средбата ќе стане збор за актуелни прашања.
Се разбираа без зборови.
Да преминеме од зборови на дела.
5.
Устен јавен настап; право, дозвола за јавно зборување.
Примери:
Се јавив за збор.
Претседавачот му даде збор на првиот дискутант.
На пратеникот му беше одземен зборот.
6.
Став, гледиште, конечно мислење.
Примери:
По тоа прашање јавноста го кажа својот збор.
Овие апарати се последен збор на техниката.
8.
Озборување, лош глас.
Англиски:
reputation
Албански:
reputacion
Ако имаш нешто, кажи ми, да не слушам потоа зборови.
9.
Извик со кој се командува постројување на една единица.
Примери:
Војници, збор!
Изрази
Збор да нема/Нема збор - така е; согласност за нешто.
Стои на зборот - го одржи ветувањето.
Тој го има главниот/последниот збор - тој е решавачкиот фактор.
На зборови јунак - лажен јунак.
Скапи му се зборовите - малку зборува.
Ми (ти, му...) се слуша/јаде зборот - се цени, се почитува неговото мислење.
Дојде на мојот збор - се увери дека сум во право.
Сладок збор и железна врата отвора - на убав начин сè се постигнува.
Те држам за збор - сметам на тебе.
Со еден збор - накратко.
Тежок збор - голема навреда.
Без збор ја заврши работата - без отпор, без поговор.
(Одвај) дојде до збор - се вклучи во разговор.
Разменија неколку збора - кратко поразговараа.
Ги мери зборовите - одмерен е во искажувањето.
Од збор до збор - буквално.
Со други зборови - поинаку, појасно, поотворено кажано.
Ниту збор да слушнам - строга заповед на која не смее да се приговара.
Збор-два - краток исказ, краток осврт.
Чесен збор - при нагласување на вистинитоста на исказот.
Го фати за збор - лукаво го искористи она што е кажано (обично во негативна конотација).
Троши зборови - попусто зборува.
Со свои зборови - слободно прераскажано, не држејќи се буквално до нечиј исказ.
Празни зборови - лажни ветувања, зборување без доказ, потврда.
Даде збор (некому) - 1. Му овозможи да зборува. 2. Му вети нешто. 3. се сврши, даде завет за женидба.
Држи (некого) за збор - се држи за ветеното.
Изведенки
зборче ср.
мн. зборчиња
дем. и хип.
Пример: Кажи, бре, едно зборче!
мн. зборчиња
дем. и хип.
Пример: Кажи, бре, едно зборче!