збрка
збркаат; збркал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12663
2.
Направи грешка поради забуна.
Примери:
Ја збркал улицата и не се сретнале.
Слично со:
збуни (св.)
3.
Збуни некого, направи, предизвика забуна, збрка, мешаница.
Примери:
Сакајќи да му помогне, уште повеќе го збрка со разни потпрашања.
Неочекуваните гости ги збркаа домаќините.
4.
(се збрка) се збуни
Примери:
Кога го виде, поцрвене и се збрка.
Детето се збрка и не можеше да продолжи со песничката.
5.
(се збрка) се изгуби, залута
Примери:
Се збрка и цел ден кружеше околу плоштадот.
6.
Почне одеднаш да брка, да гони некого.
Примери:
Домаќинот се појави пред куќата и ги збрка децата.
Слично со:
згони (св.)
7.
(се збрка) Одеднаш почне да се брка со некого.
Примери:
Се чу силно тупотење, се збркаа деца во влезот од зградата.
Изрази
Ми (ти, му ...) ги збрка конците - расипе работа, план некому, попречи некому во нешто.
Изведенки
1.
збркува несв.
(се) збркуваат
(се) збркуваат
2.
збркување ср.
глаг. им.
глаг. им.