зготви
зготват; зготвил; зготвен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6957
1.
Направи јадење.
Примери:
Што зготви денес за ручек?
Набрзина зготви вечера за гостинот.
Знаеше да зготви вкусни, несекојдневни јадења.
2.
Направи, подготви нешто.
Примери:
Човек не може да замисли што се можат да му зготват.
Жената го зготви мажот за на пат.
3.
(се зготви) Се подготви.
Примери:
Се зготви и замина без да се поздрави.
Изведенки
1.
зготвува несв.
(се) зготвуваат
(се) зготвуваат
2.
зготвување ср.
глаг. им.
глаг. им.