а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

златен

златниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 865
1. Што е изработен од злато, што е позлатен или што е извезен со злато.
Англиски: golden Албански: i artë, florinjtë
Примери:
златно синџирче
златен медал
златни гривни
златен појас
2. Што содржи злато.
Англиски: golden Албански: i artë, florinjtë
Примери:
златен песок
златна дага
златна жица
3. Што е како злато (по боја, по сјај, по изглед).
Англиски: golden Албански: i artë, florinjtë
Примери:
златна пченица
златна рипка
4. Што има особини кои се ценат високо (како злато).
Англиски: golden Албански: i artë
Употреба: Преносно значење
Примери:
златни раце
златен занает
златна работа
златен талент
златно срце
5. Што се одликува со висок подем, напредок.
Англиски: golden Албански: i artë
Примери:
златен век
златни години
златно време
6. Во обраќање - мил, сакан.
Англиски: dear Албански: i dashur
Примери:
златна мајко
Златен на мајка.
Изрази
Златна средина - најдобар избор, место меѓу две крајности.
Запише со златни букви - смета нешто за многу важно да се знае, да се памети.
Ветува златни планини / ридје - ветува многу, сѐ најдобро.
Златна свадба - педесетгодишнина на брачен живот.
(зоол.) Златна рипка - Cyprinus auratus.