знак
мн. знаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 361
1.
Договорен белег (писмена ознака, цртеж и сл.) со кој се обележува нешто.
Примери:
сообраќаен знак
правописен знак
математички знаци
фабрички знак
2.
Предмет што служи за обележување, за покажување нешто.
Примери:
Пред шалтерот имаше знак дека не работат.
Стави знак до каде е негово.
3.
Конвенционално движење, гест, со кој се покажува, се изразува нешто.
Примери:
Му даде знак со раката.
Слично со:
гест (м.)
4.
Постапка, пројава со која се докажува нешто.
Примери:
Неговото неприсуство беше знак дека не се согласува со нас.
Искажаниот револт е знак на нивното незадоволство.
Подарокот е знак на внимание.
5.
Појава што навестува нешто, од која може да се претпостави нешто.
Примери:
знак на болест
знак на внатрешно воспаление
Темните облаци беа знак на невреме.
Изрази
Воден знак - буква или фигура втисната на хартија, банкнота или хартија од вредност што е видлива само кога се гледа во правец на светлината.
Во знакот на (нешто) - како израз, доказ на нешто: Во знак на протест; во знак на почит.
Под знакот - се случува под името на некоја основна идеја: Се одржаа неколку средби под знакот на подготовките за јубилејот.