зрно
мн. зрна
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2038
1.
Ситен плод или семка.
Примери:
зрно грашок
зрно жито
јадри зрна грозје
2.
Мал, најчесто сосема ситен предмет со топчеста или овална форма.
Примери:
зрно песок
зрно шеќер
3.
Муниција за огнено оружје.
Примери:
Непријателските зрна ни летаа над главите.
Слично со:
куршум (м.)
4.
Нешто многу мало, трошка, ронка.
Примери:
Во неговите зборови немаше ни зрно вистина.
Слично со:
трошка (ж.)
Изрази
Зрно по зрно - погача - 1. До успех не се доаѓа одеднаш, туку постепено со многу работа. 2. Малите нешта заедно вредат многу.
Колку зрно просо - многу мало, ситно.
Од зрно помал - 1. Незабележлив. 2. Многу мирен, покорен.