а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зјае

зјаат; зјаат, зјаам; зјај, зјајте; зјаев, зјаеја; зјаел; зјаејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9888
1. Широко е отворен; стои неисполнет, празен; нема поклопец и сл.
Англиски: gaze Албански: vështrim
Примери:
Отворените прозорци зјаат во ноќта.
Дуќаните зјаат празни.
Огромни дупки зјаеја една до друга.
2. Не е добро затворен, има пукнатини, пропушта воздух.
Англиски: gaze Албански: vështrim
Примери:
Куќата им зјае од сите страни.
Вратата зјае и ни студи.
3. Прави впечаток на празнина, на безизразност.
Англиски: gaze Албански: vështrim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во главата му зјаеше пустош.
Од нивните очи зјаеше прашање.
Погледот му зјаеше обневидено.
Изведенки
зјаење ср.
глаг. им.