играчка
мн. играчки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2439
1.
Предмет што им служи на децата за играње, за забава.
Примери:
детска играчка
играчка од шарени парталчиња
торба полна играчки
2.
Работа што лесно може да се изврши, што не претставува тешкотија.
Примери:
Тоа за него беше играчка.
3.
дребнулии
Англиски:
trifle
Албански:
gjë e vogël
Во манастирскиот двор се продаваа шеќерчиња, симитчиња, евтини ѓерданчиња и разни играчки.
Изрази
Играчка е во рацете на некого - постапува по туѓа волја, станува средство за остварување на нечија цел.
Од играчка плачка - од шега се доаѓа до тепачка.
Не е играчка - сериозна работа е, не е шега.