а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

играчка

мн. играчки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2439
1. Предмет што им служи на децата за играње, за забава.
Англиски: toy Албански: lodër
Примери:
детска играчка
играчка од шарени парталчиња
торба полна играчки
2. Работа што лесно може да се изврши, што не претставува тешкотија.
Англиски: toy Албански: lodër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа за него беше играчка.
3. дребнулии
Англиски: trifle Албански: gjë e vogël
Примери:
Во манастирскиот двор се продаваа шеќерчиња, симитчиња, евтини ѓерданчиња и разни играчки.
Изрази
Играчка е во рацете на некого - постапува по туѓа волја, станува средство за остварување на нечија цел.
Од играчка плачка - од шега се доаѓа до тепачка.
Не е играчка - сериозна работа е, не е шега.