иде
идат; иди, идете; идев, идеа; идел; иден; идејќи; идов, идоа; ишол, ишле
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 512
1.
Доаѓа ваму; со одење или со превозно средство, а и самото превозно средство, се приближува однекаде наваму (обично кон лицето што зборува).
Примери:
Многу ретко идеш.
Од далеку ли идеш?
Идам право од дома.
3а првпат идеме овде, во селово.
И да го викаш, не иде.
Мајка ми иде со ужина.
Во мракот иде кон него некаква човечка фигура.
Кога иде возот од Белград?
Слично со:
доаѓа (несв.)
2.
Се враќа.
Англиски:
come
Албански:
vij, kthej
Пијан иде од работа.
Ни писмо праќа, ни сам иде.
3.
Придружува некого при одење некаде.
Англиски:
accompany
Албански:
shkoj, shoqëroj
Иди сега по мене ваму!
Девојката иде со нив.
И ти сакаш да идеш со нас?
4.
За предмет - пристига, доаѓа однекаде на определен начин.
Примери:
Често идеа писма од синот.
Дневно идат по два авиона.
5.
За време, период, за природни феномени - наближува, настапува.
Англиски:
approach
Албански:
vij, afrohet
Иде пролет.
Идат темни облаци.
Сушите иделе со војната.
Иде старост.
Слично со:
наближува (несв.)
6.
Влегува, се разнесува, се шири, доаѓа до нашите сетила.
Англиски:
spread
Албански:
vij, përhapet
Светлина идеше низ малечкото прозорче.
Свежина идеше од реката.
Стравот идеше од мракот.
Неговиот глас идеше оддалеку.
Тоа влијание идеше кај нас од соседните литературни јазици.
7.
Оди, се движи (ненасочено).
Примери:
По ридот идеа две деца.
Турска војска идела од три страни.
Идат сватови по невеста.
Вечер ќе идеме во кино.
8.
Ми (ти, му ...) се иде. Сака, му доаѓа, има желба.
Примери:
Од радост ми иде да запеам.
Му иде чудна мисла.
Му иде да заплаче.
Изрази
Му иде на ум - размислува, се досетува.
Му иде жал - се разжалостува.
Му иде од рака - го бидува, има способност, способен е.
Не му иде умот/паметот - не се вразумува, не се опаметува.
Иди (ми) - дојди (ми) - несериозен човек или несериозна работа.