из
Вид збор: Префикс
1.
Претставка за образување глаголи со значење: Управеност на дејството надвор или нагоре, според значењето на основниот глагол, од некое место, издвојување од некоја средина.
избега, извади, извлече
изгони, излее, излета
ископа (од некаде), истера
2.
Претставка за образување глаголи со значење: Полно извршување на глаголското дејство, доведување до резултат.
избрише, извежба, изгасне
издроби, измие, изора
изрони, искине, испреде
истреби, истриже, исчита
3.
Претставка за образување глаголи со значење: Извршување на дејството во голема мера, темелно.
извари, извиди, изгледа
излепи, измеси, испраша
испроба, истокми
4.
Претставка за образување глаголи со значење: Дејство што опфаќа повеќе објекти или субјекти.
избакне, изгине, изгости
издави, излови, изроди
изумре, исколе, истепа