избие
избијат; избиј, избијте; избив, избија; избил; (ќе) избиев, (ќе) избиеја; (ќе) избиел; избиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6825
1.
Се појави, излезе на површина.
Англиски:
surface
Албански:
del në sipërfaqe
Младите стебленца избија на површината.
2.
Се пробие напред, стигне на некое место.
Примери:
Најпосле избил во првите редови.
Изутрината избивме на некоја рамнина.
3.
Дојде до израз.
Англиски:
express
Албански:
vjen në shprehje
На површина изби онаа сила на развојот што беше дотогаш потисната.
Слично со:
изрази (св.)
4.
Со удар, со сила извади, направи да излезе, да испадне нешто.
Примери:
Мајсторот ја изби шајката од штицата.
Му ја изби сабјата од раката.
Изведенки
1.
избива несв.
избиваат
избиваат
2.
избивање ср.
глаг. им.
глаг. им.