а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

избие

избијат; избиј, избијте; избив, избија; избил; (ќе) избиев, (ќе) избиеја; (ќе) избиел; избиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6825
1. Се појави, излезе на површина.
Англиски: surface Албански: del në sipërfaqe
Примери:
Младите стебленца избија на површината.
2. Се пробие напред, стигне на некое место.
Англиски: appear Албански: del në sipërfaqe
Употреба: Преносно значење
Примери:
Најпосле избил во првите редови.
Изутрината избивме на некоја рамнина.
3. Дојде до израз.
Англиски: express Албански: vjen në shprehje
Примери:
На површина изби онаа сила на развојот што беше дотогаш потисната.
4. Со удар, со сила извади, направи да излезе, да испадне нешто.
Англиски: knock out Албански: nxjerr
Примери:
Мајсторот ја изби шајката од штицата.
Му ја изби сабјата од раката.
Изведенки
1. избива несв.
избиваат
2. избивање ср.
глаг. им.