извива
извиваат; извивал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5357
1.
За пат, река - прави кривина, врти од правецот на протегање.
Примери:
Патот извива покрај свиокот на реката.
Колоната извива како змија над селото.
Слично со:
криви (несв.)
2.
За глас, мелодија - прави извивки, варирање на тонската линија.
Примери:
Извива со гајдата.
Зурлите извиваат некаква дива планинска песна.
Слично со:
варира (несв.)
3.
За нешто што може да прави извиви.
Примери:
Димот извива од оџаците.
Танчерките занесно ги извиваат своите тела.
Ветрот ги извиви грмушките крај патот.
4.
(се извива) Постојано го менува правецот.
Примери:
Патот се извива како змија нагоре кон селото.
5.
(се извива) За глас, мелодија - пее колоратура.
Слично со:
варира (несв.)
6.
(се извива) За човек - се витка.
Примери:
Играорката се извива по тактот на музиката.
Слично со:
витка (несв.)
7.
(се извива) За пламен, дим - често менува правец.
Примери:
Пламените јазици се извиваа нагоре кон небото.
8.
(се извива) За растение - се искриви.
Примери:
Гранките на сливата се извиваа до земја од силниот ветер.
Слично со:
искриви (св.)
Изведенки
извивање ср.
глаг. им.
глаг. им.