а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

извиди

извидат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15525
1. Проследува како се одвива нешто.
Англиски: look over Албански: hedh sy
Примери:
Извиди ја работата, па кажи што да правиме.
2. Со набљудување, проверување, посматрање собере податоци за движење, опременост, бројност, обично на непријателска војска.
Англиски: reconnoitre Албански: njoh terenin
Употреба: Воен термин
Примери:
Пратија извидница да извиди колку војска има во долината.
3. Види многу луѓе, многу нешта, види сѐ, се види со сите.
Англиски: see Албански: sheh
Примери:
Ги извиде сите роднини во Австралија.
Извиде сѐ што можеше да се види.
4. Доживее нешто тешко, непријатно.
Англиски: suffer Албански: vuaj
Примери:
Извидовме многу мака.
Што извидов таа година, тешко е да се опише.
5. (се извиди) Се види со сите.
Англиски: meet Албански: takohem
Примери:
Hа средбата се извидовме со сите другарки од генерацијата.
Изведенки
1. извидува несв.
извидуваат
2. извидување ср.
мн. извидувања
глаг. им.