а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

излиже

излижат; излижи, излижете; излижав, излижаа; излижал; излижан; излижев, излижеа; излижел; излижен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12537
1. Со лижење изеде целосно, до крај.
Англиски: lick off Албански: lëpin
Примери:
Децата го излижаа сладоледот.
2. Со јазикот помине по некоја површина.
Англиски: lick Албански: lëpin
Примери:
Загарот му ги излижа рацете на својот господар.
3. Направи да се изаби целосно, да се излити.
Англиски: wear off Албански: del ngjyra
Примери:
Со секојдневното возење велосипед, тој брзо ги излижа панталоните.
Ако вака се слизгаш, брзо ќе го излижеш ѓонот на чевлите.
4. Истрие, измазни (обично камен) - под дејство на истечна, проточна вода.
Англиски: polish Албански: lustroj
Примери:
Реката беше ги излижала карпите покрај брегот.
5. (се излиже) се истроши, се изаби
Англиски: wear out Албански: del ngjyra
Примери:
Гумите на колата за една година сосема ќе се излижат.
Изрази
Прстите да си ги излижеш - многу вкусно приготвено.
Изведенки
излижува несв.
излижуваат