изнакисне
изнакиснат; изнакисни, изнакиснете; изнакиснав, изнакиснаа; изнакиснал; изнакиснат; изнакиснев, изнакиснеа; изнакиснел
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Стави нешто или многу работи добро да се накиснат.
Англиски:
soak
Албански:
lagem, qullem
Ги изнакисна алиштата.
2.
Накисне многу, целосно.
Англиски:
soak
Албански:
lagem, qullem
Војниците изнакиснаа на дождот.
Изнакиснавме чекајќи те да дојдеш.
3.
(се изнакисне)
Примери:
Без чадори се изнакиснавме додека да дојдеме до дома.
Слично со:
измокри (св.)