изнафали
изнафалат; изнафален
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 40669
1.
Пофали некого многу, во голема мера.
Англиски:
praise
Албански:
lavdëroj shumë
Наводаџиката го изнафали момчето пред родителите на момата.
2.
(се изнафали) Се фали многу.
Англиски:
brag
Албански:
lavdërohem shumë
Се изнафали самата пред гостите дека е многу вредна.
Слично со:
фали (несв.)