изолација
(едн.) изолацијата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7180
1.
Одвојување од околината, спречување на секаков контакт со определена средина.
Примери:
Последните години од својот живот тој ги помина во целосна изолација од надворешниот свет.
Слично со:
осамување (ср.)
2.
Спречување, забрана на секаков контакт со општествената средина поради лишување од слобода.
Примери:
Тој беше осуден на изолација на островите.
3.
Одвојување на болните од здравите без можност за контакт (во случај од заразни болести или епидемија).
4.
3аштита од дејство на електрична струја со помош на изолатор; вградување изолациски материјал за да се спречи загуба на енергија, дејство на влага и на други надворешни влијанија.
Примери:
електрична изолација, топлотна изолација
звучна изолација
5.
Предмети или материјали што служат за изолирање, спречување продор на нешто во некоја средина.
Примери:
Изолацијата на замрзнувачот попуштила.