а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изостри

изострат; изострил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13044
1. Направи нешто да биде остро, наостри во голема мера.
Англиски: sharpen Албански: mpreh
Примери:
Ги изостри моливите со острилка.
Ковачот го изостри ножот за неколку минути.
2. Развие, усоврши некоја особина (чувство, сетило).
Англиски: sensitize Албански: sensibilizon, zhvillon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Слепиот го изостри сетилото за слух за неколку години.
3. Прави да стане појасно, за слика, фотографија и сл.
Англиски: sharpen Албански: qartësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја изостри сликата на екранот и продолжи да гледа телевизија.
4. (се изостри) Станува остар, поостар од порано.
Англиски: sharpen Албански: më i dukshëm, i theksuar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сетилата му се изострија.
Брчките му се изострија.
Изведенки
1. изострува несв.
изоструваат
2. изострување ср.
глаг. им.