изостри
изострат; изострил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13044
1.
Направи нешто да биде остро, наостри во голема мера.
Примери:
Ги изостри моливите со острилка.
Ковачот го изостри ножот за неколку минути.
Слично со:
остри (несв.)
2.
Развие, усоврши некоја особина (чувство, сетило).
Примери:
Слепиот го изостри сетилото за слух за неколку години.
3.
Прави да стане појасно, за слика, фотографија и сл.
Примери:
Ја изостри сликата на екранот и продолжи да гледа телевизија.
4.
(се изостри) Станува остар, поостар од порано.
Примери:
Сетилата му се изострија.
Брчките му се изострија.
Изведенки
1.
изострува несв.
изоструваат
изоструваат
2.
изострување ср.
глаг. им.
глаг. им.