изработка
мн. изработки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7633
1.
(само едн.) Процес на работа на некаков производ, на некаков предмет; изработување.
Примери:
Изработка на домашни ракотворби.
Изработка на машка и женска конфекција.
2.
(само едн.) Квалитет на изработување на одреден производ.
Примери:
Изгледа како рачна изработка.
Совршена изработка.
Квалитетна изработка.
3.
(мн.) Одделен производ, резултат од изработување на нешто.
Примери:
Железарски изработки.
На пазарите во Европа се пласираа нашите кожарски изработки.