а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изрази

изразат; изразил; (ќе) изразеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3286
1. Со зборови искаже став, мислење, чувство и сл.
Англиски: express Албански: shpreh
Примери:
Директорот изрази задоволство од нашиот успех во работата.
2. Искаже цел, намера, желба.
Англиски: express Албански: shpreh
Примери:
Тој изрази желба да го посети нашиот град.
Директорот на фабриката изрази готовност да го финансира нашиот проект.
3. Претстави, прикаже на друг начин, став, мислење, чувство и сл.
Англиски: represent Албански: përfaqësoj
Примери:
Уметникот во (со) слики ја изразил болката во својата душа.
4. Пренесе резултат во вид на формули, равенства и сл.
Англиски: express Албански: tha
Употреба: Математика
Примери:
Разликите во личниот доход на вработените во таа организација сметководителот ги изрази во (со) апсолутен износ.
Хемиските процеси што се вршат при обработката на бакарната руда ги изразуваме со следната равенка.
5. (се изрази) Се искаже, изнесе мислење (усно или писмено).
Англиски: state Албански: shpreh
Примери:
Претседателот многу пофално се изрази за нивната работа.
Некој ќе се изрази подобро кога ќе го напише отколку кога ќе го каже усно она што го мисли.
6. (се изрази) Дојде до израз, се покаже, се појави.
Англиски: appear Албански: duket
Примери:
Настојувањата на нашиот народ се изразија во самиот процес на националното ослободување.
Изведенки
изразува несв.
изразуваат