израсипе
Види и:
расипе (св.)
израсипат; израсипи, израсипете; израсипав, израсипаа; израсипал; израсипан; израсипев, израсипеа; израсипел
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Расипе нешто сосема, расипе повеќе предмети, расипе сѐ што можело да се расипе.
Примери:
Мајсторот ги израсипа сите апарати наместо да ги поправи.
Слично со:
расипе (св.)
2.
Расипе во морална смисла повеќемина.
Примери:
Таа ги израсипа децата со своето однесување.
3.
(се израсипе) Престане да работи.
Англиски:
break down
Албански:
prish
Во халата сите машини се израсипале.
4.
(се израсипе) Се расипе во морална смисла.
Примери:
Се израсипале гледајќи лоши филмови.