израсне
израснат; израсни, израснете; израснав, израснаа; израснал; израснат израснев, израснеа; израснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3785
1.
За растение - никнувајќи на некаква почва, се појави надвор од неа, изникне и почне да расте и да се развива во целиот свој раст.
Примери:
Hа патеката израснала трева.
2.
За друго што расте - никнувајќи на некаква основа, се појави надвор од неа.
Примери:
Hа детето му израснаа првите заби.
Слично со:
никне (св.)
3.
Се развие во определен или во целиот свој раст.
Примери:
Нашите деца израснаа, ние остаревме.
Канадските тополи во паркот израснаа многу брзо.
Слично со:
развие (св.)
4.
Одгледа до израснување.
Примери:
Останата без маж, мајката сама ги израсна децата.
Слично со:
одгледа (св.)
5.
Расне повеќе од некоја претходно утврдена големина.
Примери:
Ги израсна алиштата.
6.
се развие, се изгради, се издигне
Примери:
Израсна во прекален борец.
Фестивалот на изворен фолклор израсна во најмасовна и најзначајна манифестација што го презентира македонскиот изворен фолклор.
На местото на трошната куќичка израсна убава голема куќа.
Слично со:
развие (св.)
Изведенки
1.
израснува несв.
израснуваат
израснуваат
2.
израснување ср.
глаг. им.
глаг. им.